Македонија

Меморандум за соработка меѓу МТСП и американскиот мировен корпус

Меморандум за соработка меѓу МТСП и американскиот мировен корпус

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Мировен корпус-Македонија, Кејтлин Кори потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидува зајакнување на соработката на двете страни.

Мировен Корпус најави зголемување на бројот на волонтери кои што ќе работат во локалните институции и организации во рамки на програмата за развој на заедниците на Мировен Корпус.

-Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира и кој поседува релевантно знаење и вештини корисни за заедницата. Тоа било и визијата на сенаторот кој воедно е  и основач на Мировниот корпус, Џон Кенеди во далечната 1961 година, кој им предложил на студентите да и служат на земјата, така што ќе живеат и ќе работат во други земји, залагајќи се за мирот и ќе разменуваат искуства” истакна Спасов.

– Целта на Мировен корпус е да го промовира светскиот мир и да гради нови врски на пријателства меѓу американскиот и македонскиот народ. Нашите волонтери поминуваат две години работејќи со соработници, живеејќи во локални семејства-домаќини, и стануваат дел од локалната заедница. Повеќе од 500 волонтери имаат служено во Македонија, и се очекува зголемување на бројот за 100 волонтери годишно, изјави Кори.

Со меморандумот ќе му се овозможи на Мировниот корпус да обезбеди волонтери што ќе помагаат во Програмата за развој на заедниците во Македонија, да ангажира, да соработува, да координира и да работи со Министерството заради ревизија, развивање и осмислување проекти и активности. Министерството ќе му помогне на Мировниот корпус да се поврзе со релевантни регионални, и локални канцеларии и луѓе, за да се спроведуваат таквите проекти и активности, но и ќе го поддржи Мировниот корпус со тоа што ќе ги информира локалните заедници за програмата.  Или поконкретно кажано се интензивира соработката со Мировниот корпус во  делот на ангажирање на волонтери со соодветно образование и искуство во делот на работата со деца со попреченост во дневните центри, организирање на обуки за вработените како и  едукативни активности во градинките во Р.Македонија

Склучениот меморандум е продолжение на успешната соработка меѓу САД, Мировен Корпус како владина агенција и Владата на Република Македонија, кои во 1996 имаат склучено меѓудржавен договор.