Менаџерот на Ливерпул бара купец за неколку фудбалери

Актуелниот менаџер на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Брендон Роџерс веќе го состави списокот со фудбалери на кои ќе им биде покажана излезната врата од “Енфилд” на стартот од летниот преоден рок.

Предводникот на популарните „црвени” веше ги информирал клупските челници дека во новата клупска сезона нема да смета на услугите на Иаго Аспас, Луис Алберто, Себастијан Гоатес и Пепе Реина.
Клупските челници имаат обврска под итно да најдат купец за данскиот интернационалец Даниел Агер и за репрезентативецот на Бразил, Лукас Леива.

На нигерискиот интернационалец Виктор Мозес нема да му биде продолжена позајмицата, додека италијанскиот интернационалец Фабио Борини, кој изминатата сезона ја одигра како позајмен фудбалер во дресот на Сандерленд, повторно ќе добие шанса да се докажува на “Енфилд”.