Менаџментот на Аријана Гранде се огласи по терористичкиот напад во Манчестер

Турнејата на американската пејачка Аријана Гранде е одложена додека не се процени најдобра ситуација и додека не се оддаде почит на оние кои го загубија животот, соопшти менаџментот на пејачката.

Гранде, која беше потресена по случувањата во Манчестер одлета на Флорида за да биде со своето семејство и момчето. Иако веќе некое време се шпекулираше дека нејзината турнеја ќе биде одложена сепак нејзиниот менаџмент се огласи дури денеска.

-Концертите во лондонската Арена О2 се откажани, како и сите концерти во Швајцарија. Сега бараме од сите да продолжат да го поддржуваат градот Манчестер и сите семејства кои беа зафатени од овој кукавички и бесчувствителен злосторнички чин, се вели во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.