Македонија

Менаџментот на „Макпетрол“ доби тужба и од акционерите

Менаџментот на „Макпетрол“ доби тужба и од акционерите
Менаџментот на „Макпетрол“ доби тужба и од акционерите

Шеснаесет акционери на „Макпетрол“ се приклучија кон тужбата против менаџментот на фирмата, со надеж дека преку судска постапка понатаму ќе се спречи одлевањето на кпиталот на најголемата нафтена компанија и воедно ќе ги остварат своите права.

На денешната прес конференција, малите акционери информираа дека дел од нив веќе дале исказ во Обвинителство и ги повикаа институците што побрзо да го расчистат случајот, со што ќе и се даде шанса на компанијата да продолжи да работи, а вработените да не ги изгубат своите рработни места.

Факт е дека „Макпетрол“ со години пропаѓа и генерира загуби. Тоа е чудно и необјасливо за најголемата нафтена компанија во Македонија . За тоа е виновен менаџменот на „Макпетрол“. Се прашуваме како е можно оваа компанија да е во милионски загуби,  компанијата „Оилко“ зад која стојат менаџерите и која е најголемакционер да има огромни профити? Загрижени сме за судбината на нашата фирма и доколку не се преземе решителна акција , таа набрзо ќе банкротира. На тој начин ќе изгубиме сите и сопствениците на „Макпетрол“ и нивните вработени, но и државта и целото стопанство, посочија акционерите.

Тие ги повикаа сите акционери во „Макпетрол“ да не се плашат и да се приклучат кон крвичната пријава, за да можат да си ги остварат правата и пред се’ да не се дозволи да се прелева капиталот во фирматаа која е исклучиво зависна од „Макпетрол“. Доколку продолжи таа теденција, тие предупредија дека „Макпетрол“ ќе биде единствената нафтена компанија која ќе пропдне.

Воедно, сметаат дека гласините за наводна продажба на „Макпетрол“ се дезинформации од менаџерскиот тим, кој единствео сака да се заштити себе си и да остане на досегашните позиции.

МВР поднесе кривична пријава против 21 лице поврзани со незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции Оилко. Десетте членови на Управниот одбор, осумте членови на надзорниот, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Од формирањето на „Оилко“ до лани „Макпетрол“ работел со вкупна загуба од 446.626.307 денари, а Оилко во континуитет ниже добивка која до 2013 година изнесува 925.5 милиони денари.