Мендеш: Роналдо ќе остане во Реал уште долго време

Жорге Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо стави крај на надежите на Манчестер Јунајтед дека португалецот би можел да се врати на Островот.

Иако во изминатите неколку месеци трае кампања за негов кам-бек во Манчестер Јунајтед, а на натпреварот кој Реал Мадрид го играше против Виљареал, беше изнајмен и авион кој влечеше огромна порака на која навивачите на “црвените ѓаволи” го молеа Роналдо да се врати во “старото јато”, сепак, ако може да му се верува на Мендеш, од тој трансфер нема ништо.

Cristiano-Ronaldo-banner

-Тој е многу среќен во Мадрид и невозможно е да го привлече некој друг клуб. Во Реал ги руши сите рекорди го сметаат за најдобар спортист во историјата. Тој ќе ги сруши сите рекорди со Реал Мадрид, а потоа ќе замине во пензија, вели Мендеш, кој притоа додаде:

-Роналдо е најдобар фудбалер на сите времиња. Никогаш повеќе нема да видите таков играч. Секој ден е се подобар и така ќе биде додека наполни 40 години. Едноставно не може да се спореди со никој друг. Таков како него нема да има следните 500 години, дели комплименти Мендеш за својот клиент кој со Реал Мадрид има договор до 2018-та година.