Мендух Тачи излетал со автомобил на враќање од Тирана

1057

Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вчера попладне имал сообраќајна несреќа откако возилото во кое се возел излетало од патот на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром, потврдија за Плусинфо од партијата.

Возилото во кое Тачи бил возен од друг возач од засега неразјаснети причини излетал од патот.

Од партијата велат дека Тачи е добар и оти се здобил со мали повреди на нозете и оти немало потреба од медицинска интервенција.

Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне кога лидерот на ДПА се враќал од посетата на Тирана, каде се сретна со претседателот на Албанија, Илир Мета.

Skin Delight