Спорт

Менез јавно флертува со старата дама

Менез јавно флертува со старата дама

Крилниот напаѓач на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Жереми Менез, откри дека би немал ништо против доколку во новата клупска сезона го носи дресот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус.

„Многу ми се допаѓа тимот на Јувентус. Мислам дека станува збор за еден од најдобрите тимови во Европа. Како да се создадени да имаат важна улога во следното издание на Лигата на шампиони. Тим составен од квалитетни фудбалери, тим составен од родени шампиони. И на мојата позиција играат фудбалери од светска класа. Течно зборам италијански, одлично ја познавам италијанската Серија А. лесно ќе се адаптирам на новата средина. Во потрага сум по тим кој ќе ми дозволи да покажам се што знам. Да почекаме уште малку, да видиме што ќе се случи за време на летниот преоден рок”, изјави Менез.

Повремениот репрезентативец на Франција на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а интерес за неговите услуги веќе покажаа челниците на Ливерпул, Арсенал, Милан и Атлетико (М).