Менез сега не сака да му раскине на ПСЖ

Иако во изминатите неколку месеци постојано се пишуваше дека проблематичниот фудбалер на ПСЖ, Жереми Менез, сигурно ќе си замине од “Паркот на Принцовите” за време на зимскиот преоден рок, крилниот напаѓач на денешната прес-конференција откри дека не планира никаква промена на клупската средина во месец јануари.

„Тука ќе останам најмалку до крајот на актуалната сезона. Убаво ми е тука и ја имам подршката на клупските челници. Ќе дадам се од себе на преостанатите натпревари. Не сум разговарал на таа тема, не е точно дека сум сакал да заминам од Париз за време на зимскиот преоден рок. Таа опција не е во игра”, изјави Менез.
Повремениот репрезентативец на Франција веќе подолг временски период важеше за голема желба на раководните лица на Јувентус, Арсенал и на Ливерпул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.