Менито на Титаник продадено за 88.000 долари

Менито на Титаник продадено е на аукција во Њујорк за 88.000 долари.

Онлајн аукциската куќа Lion Heart Autographs го понуди синоќа менито заедно со уште два предмети од спасувачкиот чамец 1.

Мениото го чувал патник кој го преживеа бродоломот во 1912 година, влегувајќи во т.н. „чамец на богатите“.

Чамецот за спасување доби прекар заради гласините дека патниците од прва класа го подмитиле екипажот да се оддалечат од бродот кој тонел со 12 патници во чамецот, наместо 40 колку што можел да прими.

Писмо на еден преживеан патник напишано половина година по трагедијата е продадено за 7.500 долари додека билет бања со пареа на Титаник, која имале специјално дизајнирани седишта за мерење на тежината, беше продаден за 11.000 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.