МЕПСО го исклучува Охрид за да исзврши зафат на преносната мрежа

АД МЕПСО известува дека од 14:15 часот без напојување со електрична енергија ќе биде градот Охрид поточно трансформаторските станици Охрид 1 и Охрид 2. Исклучувањето се врши со цел да се изврши планиран зафат на елементи од преносната мрежа со цел да се овозможи доверлива и стабилна работа на електропреносниот систем. Планирано е интервенцијата да трае најдолго 2 часа по што повторно ќе биде вклучен под напон Охрид.