МЕПСО на терен ги расчистува штетите од снегот

Екипите на МЕПСО ги расчистуваат штетите од невремето кое настана во текот на вчералниот ден, соопштуваат од компанијата. Оттаму велат дека најголем дел од штетите се во охридско-струшкиот регион.

Ова се локациите каде интервенираат нивните екипи:

– Во 7:30 часот регистрирана е безнапонска состојба на 110 kV далекувод Т.С. Ресен – Т.С. Охрид 2 со што градовите Охрид, Струга и Дебар остануваат без напојување со електрична енергија. Екипите на МЕПСО излегоа на терен за да ја утврдат локација и да го отстранат дефектот;

– Во 10:05 часот се вклучени под напон сите елементи од преносната мрежа во охридско-ресенскиот регион со што е воспоставено редовно напојување со електрична енергија на потрошувачите во Охрид, Струга и во Дебар;

– Екипите на МЕПСО се на терен и во континуитет вршат проверки на далекуводните траси во должина од околу 200 километри на потегот од Дебар –Струга-Охрид – Ресен до Битола;