„Мерцедес“ пропадна во одводен канал, тројца тешко повредени

Ноќта кон петокот, околу 23,55 часот во скопското село Батинци се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од 36-годишниот Е.Л. од селото  Ќојлија излетало од патот удрило во бетонски ѕид, а потоа пропаднало во одводен канал.

Е.Л. и едниот сопатник 38-годишниот И.Л.  се здобиле со тешки телесни повреди додека другиот сопатник 37-годишниот А.Л. се здобил со телесни повреди.

Возачот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека сопатниците биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Од страна на увидна екипа од СВР- Скопје извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.