Мерцедес станува кинески

mercedes kineski

Кинеската компанија „Beijing Automotive“ (BAIC), води интенизвни преговори за купување на сопственички удел во германскиот концерн „Daimler“ AG, кој е споственик на Мерцедес, објави американски „Блумберг“, цитирајќи текст на весникот „Beijing Times“, пренесува Нетпрес.

Според Сју Хеи, претседател на советот на директори на кинескиот автомобилски гигант, ако зделката се оствари, тогаш BAIC може да стане најголемиот акционер во германската компанија, во чија сопственост е и светски познатиот бренд Мерцедес.

Се очекува преговорите меѓу двете компании да завршат кон крајот на годинава, кога и дефинитивно ќе се знае дали Мерцедес станува кинески.

– Зделката ќе им овозможи на BAIC и на „Daimler“ да ја продлабочат соработката во разработување на концепт за производство на автомобили на алтернативни горива, изјавил Сју Хеи.

Инаку, во ноември 2013 година, Германците купија 12 отсто од акциите на BAIC Motor, но сега ситуацијата е поинаква и Кинезите се обидуваат да станат најголем акционер во компанијата која го произведува Мерцедес.

Исто така, во 2013 година, „Beijing Automotive“ официјално ги објави своите планови за купување на три европски производители на автомобили кои имаат добро реноме во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.