Мерил Стрип во 6 реченици го откри нејзиниот рецепт за среќа

Славната актерка и оскаровка Мерил Стрип секогаш водела мирен семеен живот, а се чини дека клучот на нејзиниот приватен и работен успех се крие во овие 6 реченици:

  • Оној што е задоволен со себе си не се споредува со другите;
  • Оној што не се споредува со другите не е завидлив;
  • Оној што не е завидлив, не е огорчен;
  • Оној што не е огорчен е среќен;
  • Оној што е среќен ќе знае како да усреќи и уште некого;
  • Оној што себе си и уште некого покрај себе си го усреќува ја открил смислата на животот, без да ја бара.