Мерка притвор за кривично дело „кражба“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.Б.(35) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела „кражба“ за што од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела пријавениот ги извршил на 25.03.2014 година во вечерните часови во куќа на подрачје на Карпош, пријавениот влегол преку незаклучената влезна врата и одзел еден Таблет, два мобилни телефони и еден метален Глендер а веднаш по тоа го извршил и второто кривично дело, пред зградата украл еден велосипед.

Пријавениот е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.