Мерката за вработување на млади до 29 години со позитивен ефект за работодавачите

лжни се како сопственици на ординациите да ги задржиме уште една година. По една година можат да ги отпуштат.

Тој информира дека досега кај пет ординации се случило на работа да примат бремена жена која откако заминува на породилно боледување, државата на замената и ги плаќа придонесите.

– Придонесите додека трае замената се на товар на државата. Ние сме ослободени од придонеси, само треба да исплаќаме плати. Лесно е да се најде замена преку Агенцијата за вработување, без никаков проблем. Донесено е и издадено ни е решение во најкраток можен рок, а нововработената почна со работа без никаков проблем, потенцира Илиевски.

Pari-denari

Тој им порача на работодавачите да ги искористат мерките што ги овозможуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика.

– И другите нека пробаат да видат дека бериќет ќе имаат. Досега имам вработено две лица со мерката до 29 години и сега замената е трето лице. Доколку би имале услови би продолжиле и понатаму да се прошируваме со работата и да вработуваме и нови лица. Генерално задоволен сум од работата на лицата што ги ангажиравме преку Агенцијата за вработување, изјави Илиевски.