Меркел: Ако ја затворам границата, на Балканот ќе има војна

Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, низ кои минуваат транзитните маршрути на бегалците ако се побара Германија да ја затвори границата со Австрија.

– На Западен Балкан веќе има тензии и јас не сакам таму да се случат воени судири, изјави синоќа Меркел во Дармштад. Меркел додаде дека не сака „да се засилуваат мрачните тонови, но ситуацијата може брзо да се влоши“.

Експерти предупредија дека ако Германија ја затвори границата со Австрија, истото ќе го направат и балканските држави низ кои минуваат бегалците.

ЕУ кон крајот на октомвсри објави дека во Грција и на Балканот ќе се воспостават 100.000 прифатни места за бегалците за да се доведе во контрола бегалската криза.

Меркел кажа дека не сака да биде негативна, но предупреди дека ситуацијата набрзо би можела да се влоши..

Прашањето на бегалците исто така внесува поделби и во Германија, во владината коалиција на состанокот во неделата не успеале да постигнат договор, бидејќи конзервативците одбаварската ЦСУ барале Германија до крајот на годинава прими помалку од очекуваните 800.000 бегалци.

За в четврток е најавена нова рунда преговои, а една од главните теми е воспоставување на транзитни зони на германско-австријската граница за побрзо да се разгледуваат барањата за азил.