Меркел го повика американскиот амбасадор на рапорт!

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Петер Алтмаер го повикал на средба американскиот амбасадор во Берлин во врска со наводите дека американски шпиони биле активни во главниот град на Германија. Извори во германската влада тврдат дека ќе се разговара за информации според кои американските служби шпионирале високи германски владини претставници.

„Шефот на кабинетот на канцеларката го покани американскиот амабсадор на состанок по откритијата за поставени прислушни уреди. Средбата треба да се одржи попладнево“ се вели во информацијата од германската влада.

Во најновиот скандал за американско шпионирање на германски цели, медиумите иннформираа дека американската Национална агенција за безбедност (НСА) прислушувала неколку членови на владата.

Меѓу нив биле канцеларката Меркел и министрите за eкономија Габриел и за финансии Шојбле. Според информациите што ги објави Викиликс, Aмериканците ги следеле разговорите во врска со начинот на кој што требало да се реши грчката криза.