Меркел бара штедење и реформи во Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел во генерална дебата во Бундестагот за буџетот, повторно се согласи за остра финансиска дисциплина и курс на штедење и реформи.

– И тоа што важи за Германија, непроменето исто така важи и за Европа – рече Меркел и додаде дека состојбата сега, како и порано и наспроти најновите реформски успеси и натаму е слаба.

Меркел ги бранеше минатонеделните одлуки на НАТО во врска со Русија и потенцира дека мора да се обезбеди слобода за Украина, но и потребата за преговори со Москва.