среда, 4 јануари 2017  |  Вести денес: 48

Меркел: Бегалскиот бран беше искористен за криумчарење терористи

Германската канцеларка Ангела Меркел која беше главен иницијатор на т.н. политика на отворени врати по се изгледа го менува ставот по однос на прашањето за бегалците и мигрантите.

merkel

Поврзани вести

Германската канцеларка Ангела Меркел која беше главен иницијатор на т.н. политика на отворени врати по се изгледа го менува ставот по однос на прашањето за бегалците и мигрантите.

Таа признава дека со бранот на мигранти во Сирија влегле и терористи, додавајќи и дека делумно бегалскиот бран бил искористен за да се криумчарат терористи во Европа.

Како што пренесува „Раша Тудеј“ Меркел, говорејќи пред поддржувачите на нејзината партија ЦДУ (Демохристијанска Унија) во Источна Германија, признала дека милитантните групи прокриумчариле џихадисти меѓу оние што воглавно барале азил во Европа.

Делумно, бегалскиот бран често се користеше за криумчарење терористи, рече таа, а пренесува Ројтерс.

Поради политиката на отворени врати на Меркел, што беше критикувана од голем дел Германци, над 1 милион мигранти пристигнаа во Германија во 2015-тата, а голем дел од нив се Сиријци.

Најчитани вести