Меркел: Без Русија нема долгорочна стабилност во Европа

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди денеска дека без Русија не е можно на долг рок да се одржи безбедноста во Европа и дека мора да се остави простор за дијалог со Москва.

-Свесни сме дека само заедно со Русија можеме долгорочно да ја одржиме безбедноста во Европа. Затоа економските санкции не се сами по себе цел, мораме да го одржиме дијалогот, изјави германската канцеларка пред отворањето на изложбата за германско-полското помирување во Полска „Храброст и помирување“.

Премиерката на Полска Ева Копач и Ангела Меркел се сретнаа денес на тоа место на западот на Полска за да се потсетат дека поминале 25 години од Мисата за помирување во Кшижов на која со надеж за затворање на мрачните поглавја од историјата на двата народа на која се сретнаа тогашниот полски премиер Тадеуш Мазовјецки и германскиот канцелар Хелмут Кол. Сликата од нивното долго и срдечно ракување го помина светот како симбол на новата иднина во која, како што рече денеска полската премиерка, соединетата Германија ќе биде гарант на подобри денови, а Полска во соединетата Европа добар сосед.

– Колку е важно помирувањето се гледа денеска и во Украина, на која и’ е нарушена територијалната целост. Свесни сме и за стравот на нашите соседи Пољаци заради тешката историја. Јасно реков: солидарноста на НАТО се однесува на сите сојузници, изјавила германската канцеларка по повод конфликтот во Украина и стравот на Полска дека Русија би можела и нив да ги загрози.