Меркел демантира дека планира да поднесе оставка

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема намера предвреме да поднесе оставка на функцијата, нагласувајќи дека планира да ја предводи Владата до истекот на нејзиниот мандат во 2017 година, пренесоа медиумите.

„Планирам да работам ангажирано до крајот на мандатот, а потоа ќе видиме“, истакна синоќа Меркел во интервју за за телевизијата ЗДФ.

Со ова таа ги демантираше тврдењата на некои медиуми дека планира наскоро да поднесе оставка.

Германската канцеларка, исто така, нагласи и дека сигурно нема да се кандидира за функцијата генерален секретар на ОН.