Меркел денеска ќе се сретне со Путин

Германскиот канцелар Ангела Меркел пристигна денеска во Москва каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува МИА.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека на средбата двајцата лидери ќе разговараат за решавање на украинскиот конфликт и билатералната соработка.

Меркел, која исто како и останатите западни лидери не присуствуваше на вчерашната прослава во Москва по повод 70-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна, денеска ќе положи цвење на Гробот на незнајниот војник.