Меркел: ЕУ и Русија треба да ја избегнат конфронтација помеѓу себе

ЕУ и Русија треба да ја избегнат конфронтација помеѓу себе поради политичката иднина на Украина, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од рускиот весник „Независимаја газета“.

„Сметам дека ривалството нема да го реши проблемот“, изјави канцеларката, додавајќи дека Брисел и Москва треба да го продолжат дијалогот меѓу себе за да ги надминат несогласувањата.

„Сакам независна Украина сама да донесува одлуки“, истакнала Меркел.