Свет

Меркел: ЕУ ќе ги укине санкциите кон Русија ако се запази територијалната целина на Украина

Меркел: ЕУ ќе ги укине санкциите кон Русија ако се запази територијалната целина на Украина

Ако биде запазена територијалната целина на Украина, ЕУ може да ги укине санкциите против Русија, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел по средбата на врвот на Европската унија, јавува МИА.

Според неа, санкциите биле воведени како одговор на акциите на Русија и може да бидат укинати ако причината за воведувањето биде отстранета.

– ЕУ се подготвени да размислат за соработка со Евроазискиот економски сојуз ако бидат исполнети договорите од Минск за стабилизирање на ситуацијата во Украина, дополни Меркел.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави на прес конференција во Брисел дека има намера воследните денови да ги продолжи преговорите за прекин на конфликтот во Источна Украина со колегите Владимир Путин и со Петро Порошенко.

Оланд изјави дека досега нема напредок за да биде извршено доставување на носачите на хеликоптери Мистрал.