Меркел: ЕУ нема нови услови за почнување преговори за членство на Србија

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска во Виена дека Европската унија нема да поставува нови услови за почнување преговори за членство на Србија, јави ТАСС.

Меркел нагласува дека Србија значително се приближила до отварањето на првото поглавје од преговорите, но точен датум за тоа се уште нема.

Исполнети се одредени работи, кои ние претходно ги поставуваме како услови за почеток на преговорите. Не треба да се очекува дека ЕУ сега ќе измислува нови предлози – рече Меркел.

Таа призна дека пред неколку месеци не била сигурна дека ќе биде постигнат таков напредок во преговорите за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

Меркел додаде дека ЕУ прво треба да ги анализира спогодбите меѓу двете земји, кои беа постигнати оваа недела, пред да продолжи процесот на интеграција на Србија.

Хан: Србија ќе почне преговори со ЕУ следната година

Хан: Србија ќе почне преговори со ЕУ следната година
Хан: Србија ќе почне преговори со ЕУ следната година

Србија ќе почне преговори со ЕУ следната година. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Србија предводена од премиерот Александар Вучиќ претставува фактор на стабилност во регионот и изрази надеж дека на почетокот од следната година ќе биде отворено првото преговарачко поглавје со Србија.

Србија со премиерот Вучиќ стана фактор на стабилност во целиот регион. Неговиот придонес за помирување, како неодамна со БиХ и со Албанија, треба да биде признат, истакна Хан.

Во контекст на најавата дека Србија ќе почне преговори со ЕУ, Хан нагласи дека најновиот напредок во дијалогот со Косово треба да ја отстрани последната препрека на патот кон почеток на преговорите со ЕУ.

Искрено се надевам дека на почетокот на 2016 година ќе бидеме подготвени и Советот ќе даде зелено светло. Интензивно се ангажирав за тоа, додаде еврокомесарот.