Меркел: Европа не се откажува од проектот „Јужен тек“

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера повика да продолжат разговорите со Русија за снабдувањето со енергенси во Европа, јавува ТАСС, пренесува Нетпрес.

-Треба да ги разјасниме сите правни проблеми поврзани со проектот „Јужен тек“ и тоа да го искористиме за да ги придвижиме разговорите со Русија, изјави Меркел по разговорите со премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Таа напомена дека во моментов, Западот и Русија оствариле повеќе контакти.

– Сите нерешени проблеми треба „разумно“ да се разгледаат, рече таа додавајќи дека Европа не се откажала од проектот „Јужен тек“.