Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека искажува тага и ужас по атентатот, што синоќа ја предизвика смртта на 22 лица, на концерт во Манчестер, пренесоа француските медиуми.
„Германија стои рамо до рамо со Британците“, изјави канцеларката во коминике.
„Претпоставениот терористички напад само ќе ја засили нашата решеност да работиме заедно со нашите британски пријатели против извршителите на ваквите нечовечки дејствија“, додаде таа.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.