Меркел ги повика социјалдемократите да ја поддржат големата коалиција

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика во средата челниците на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) да бидат одговорни и да го потврдат принципот на ткн голема коалиција за Германија конечно по речиси четири месеци да добие стабилна влада.

„Сметам дека социјалдемократијата ќе донесе одговорна одлука“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со австрискиот канцелар Себастијан Курц во Берлин, додека се проценува дека на конгресот на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) во недела резултатот од гласањето за прифаќање на повторното коалицирање со конзервативците може да биде многу тесен, бидејќи многу регионални одбори на партијата досега се изјаснија дека не сакаат продолжување на коалицијата.

„Не сакам да се мешам, но сите зборуваме дека сакаме успех на конгресот на SPD, односно сакаме прифаќање на преговорите за коалиција, идејќи мислиме да на Германија ѝ е потребна стабилна влада“, додаде канцеларката Меркел.

Канцеларката тешко ја составува коалициајта за својот четврти мандат, по пробивот на евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) на парламентарните избори кон крајот на септември кој дополнителни ја нагласи расцепканоста на долниот дом.

По одржувањето на воведните преговори на почетокот од јануари меѓу SPD, кој под притисок на јавноста преговара за продолжување на ткн Голема коалиција од која веднаш по изборите се откажа, по пропаѓањето на преговорите меѓу конзервативците, либералите и зелените (ткн Јамајка коалиција), со Христијанско-демократската унија (CDU) на Мерекел и баварската сестринска партија Христијанско-социјалната унија (CSU), беше договорен првиот заеднички програмски документ за евентуалната идна влада.

Тој документ треба да го потврдат околу 600 социјалдемократски делегати на конгресот на партијата кој ќе се одржи во недела.

Доколку Меркел не успеа да состави коалиција, може да се обиде да води малцинска влада. Доколку тоа не се случи, ќе бидат неизбежни предвремените, односно повторување на парламентарните избори.