Меркел гневна поради истекувањето детали од разговорот меѓу Јункер и Меј

Германската канцеларка Ангела Меркел изразила голема лутина поради фактот што од вечерата на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и британската премиерка Тереза Меј во Лондон пред минатонеделниот самит на Европската унија во јавноста истекоа поединости кои покажаа негативна атмосфера на таа средба, пишува во саботата неделникот Der Spiegel.

„Не е многу конструктивно на овој начин да ја подгревате атмосферата“, ја цитира Der Spiegel Ангела Меркел повикувајќи се на кругови блиски германската канцеларка.

Поединостите од разговорот меѓу претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и британската премиерка Тереза Меј, кој според приложеното минал во негативна атмосфера, минатата седмица беа објавени во германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung (FAS), а во кабинетот на германската канцеларка веруваат дека деталите во јавноста со намера ги пласирал или самиот Јункер или шефот на неговиот кабинет, германскиот политичар Мартин Зелмаер.

Ба вечерата се разговарало за условите под коишто треба да се изврши излегувањето на Велика Британија од Европската унија, а информациите кои истекле во јавноста ги покажуваат спторивставените ставови меѓу Лондон и Брисел.

Јункер во таа прилика наводно рекол дека „Брегзитот е осуден на неуспех“, како и дека британската премиерка „живи во сопствена галаксија“. Од споменатата работна вечера во Лондон поединостите кои се јавија во медиумите покажуваат дека несогласувања има и во самиот тим на британската премиерка Тереза Меј.

Како што пишуваше Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung, Јункер утрото по неуспешната вечера во Лондон телефонски ја повикал германската канцеларка Меркел којашто потоа го променила својот текст за обраќањето во Бундестагот пред германските пратеници истиот ден во врска со Бргзитот и чувствително го заостри тонот во однос на Велика Британија.

Една од главните точки за кавгата на споменатата вечера, како што оценуваат германските медиуми, била и блокадата од Британија за одобрувањето на повеќегодишниот буџет на Европската унија.

Во текстот на Der Spiegel е цитиран германскиот пратеник во Европскиот парламент, Јенс Гејер, кој изразува сомневања дека Велика Британија во „затруена атмосфера“, за којашто делумно придонело и истекувањето на поединостите од контроверзната вечера, ќе се откаже од блокадата на средствата се буџетот на ЕУ.

Според процените на Der Spiegel, станува збор за неколку милијарди евра наменети за програмите за справување на невработеноста кај младите, како и за подобрување на безбедност на надворешните граници на Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.