Меркел го поддржа противењето на референдум во Каталонија

Германската канцеларка, Ангела Меркел му изрази поддршка на шпанскиот премиер Маријано Рахој кој се противи на одржување на референдум за независност на Каталонија.

Меркел изјави дека каталонското прашање е внатрешно прашање на Шпанија, како и дека според неа, ставовите на Рахој се логични и ја заслужуваат нејзината поддршка.

Рахој, пак, рече дека спроведување на рефернедум е „луда идеја“ и дека тој повторно нема да биде оддржан бидејќи нема да биде легален.

Регионалната влада на Каталонија, чиј главен град е Барселона, инсистира референдумот да биде одржан на 9-ти ноември.

Рахој во својата изјава додаде дека одржувањето на референдум би било спротивно од трендот за соединување во Европската Унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.