Меркел го повика украинскиот претседател да се воздржи од употреба на сила против демонстрантите

Канцеларката на Германија Ангела Меркел, го повика украинското раководство да се воздржи од употреба на сила против демонстрантите, соопшти портпаролот на германската влада Штефан Заијберт, пренесуваат локалните медиуми.

Заијберт соопшти дека канцеларката се обратила кон претседателот на Украина, Виктор Јанукович со апел „да стори се’ за постојаната заштита на слободата на мислењето и правото за спроведување на мирни демонстрации“.

„Проевропските митинзи во Украина претставуваат јасна порака, треба да се надеваме дека претседателот Јанукович ќе ја сфати оваа порака“, истакнал портпаролот.