Меркел: Заборавете на Голема Албанија, од тоа нема ништо!

Германската канцеларка Ангела Меркел, вчера беше во посета на Тирана и јасно порачала дека Абанците можат да заборават на голема Албанија, пишува српски „Телеграф“.

Меркел, според пишувањата во медиумите, на Албанците отворено им кажала што очекува од нив, а тоа е да се справат со корупцијата и криминалот, но и да заборават на сонот за создавање Голема Албанија.

„Германија не сака Рама и нему блиски луѓе да го „нишаат европскиот чамец“, како што не сака Србија да се сврти кон Русија. Меѓутоа тоа не значи дека Меркел ќе се заложи само за српските интереси“, вели за српски  „Курир“, политичкиот аналитичар, Бранко Радун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.