АНАЛИЗА: Меркел и Макрон планираат златна декада во Европа

Хелмут Кол, под чие рaководство се случи обединувањето на Германија почина во предвечерието на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија. Изгледа дека во тоа совпаѓање има сепак нешто симболично. Поранешниот германски канцелар валоризираше на најдобар можен начин од невообичаените околности по падот на комунизмот и отворањето на Источна Европа.

За разлика од тогаш, денес европските лидери се исправени пред дузина сложени околности: Доналд Трамп, Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган, тероризмот, приливот на мигранти, невработеноста, популизмот и првенствено Брегзит. Но, исто како Кол и неговиот француски колега Франсоа Митеран, кои дадоа нов поттик на европскиот проект во почетокот на 90-те години, сега Ангела Меркел и Емануел Макрон ги подготвуваат своите амбиции и визии за „Стариот континент“, додека Велика Британија го напушта Блокот, анализира британскиот весник „Гардијан“, пренесува НетПрес.

Тука влогот е улогата на Европа во заштита на либерал-демократските вредности и на меѓународниот поредок, заснован на владеењето на правото. Тоа се случува во момент кога, како што се изразил еден службеник од администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, „САД со Трамп се изгубени и Обединетото Кралство изчезнува во заборавот“.

Овие зборови може се радикални, но ја покажуваат главната слабост на Велика Британија. Таа се должи не само на тешката ситуација во нејзината внатрешна политика, туку и во опасното игнорирање на целите, кои си ги поставуваат нејзините европски соседи.

Француско-германскиот двигател не е фокусиран на Брегзит, туку повеќе на консолидирањето на 60-годишниот европски проект преку интеграција и соработка. Во центарот на тој процес се односите меѓу Меркел и Макрон. На 15 мај, годинава, лидерите на Франција и на Германија се сретнаа и ја разгледаа новата „патна карта“ на ЕУ.
Планот е следниот: во идните две или три години, додека Франција спроведува структурни економски реформи, Германија ќе се погрижи за засилување на неопходната европска финансиска солидарност и на инвестициските механизми. Освен тоа, се очекува Берлин да ја преземе својата нова улога во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната.

За Велика Британија е важно да ги процени своите алтернативи во поширокиот европски контекст. Колку и сериозно да претставува предизвикот Брегзит за Лондон, тоа сепак не е единственото спорно прашање на кое се фокусираат европјаните. Тие Брегзит го доживуваат како товар, со последици кои може да бидат многу тешки за сите. Во таа насока основната задача на блокот е да ја ограничи штетата.

Трендовите во ЕУ се позитивни

Во Европската унија трендовите се позитивни. Економската ситуација во Европа почнува видливо да се подобрува. Невработеноста во еврозоната моментно е на најниското ниво од 2009 година до сега (иако е околу 9,5 отсто). Економскиот раст се врати. Претседателот на европската Централна Банка, Марио Драги, зборува за „категорично и сеопфатно обновување“. Популистичките сили претрпеа политички пораз во Австрија, Холандија, Франција, Италија и во Финска.

Освен тоа едно истражување на „Евробарометар“ покажа дека граѓаните на Европа ја…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.