АНАЛИЗА: Меркел и Макрон планираат златна декада во Европа

Освен тоа едно истражување на „Евробарометар“ покажа дека граѓаните на Европа ја поддржуваат насоката на развој на ЕУ. Според анкетите, европјаните ја одобруваат „флексибилноста“ на ЕУ, или т.н. „Мултиспид Европа“, која предвидува различни групи држави членки да работат на нови проекти заеднички.

Треба да се потенцира дека таа тенденција не се должи на Брегзит, туку се случува паралелно со него. Засилувањето на европскиот проект и отварањето на хоризонтите е тоа за што Германија, Франција и Европската комисија засилено работат. Да се верува дека европјаните се радуваат на можноста да профитираат од Брегзит, значи да се гледа на светот со очите на Трамп, според кого, кога една страна профитира, другата со сигурност губи.

ЕУ сака да ги развива своите способности да дејствува на меѓународната сцена, надвор од своите граници, а не постојано да се справува со своите внатрешни проблеми. Геополитичката ситуација ја диктира таа насока и не остава друг избор за Блокот. Некои од околностите му претходеа на референдумот за излез на Велика Британија од Европската унија. Моментно се разгледува прашањето за европската одбрана, но не треба да се очекува создавање на европска армија. Освен тоа се дискутира и основање на Европски монетарен фонд и зголемување на инвестициите за отворање работни места.

Постоечките проблеми

И покрај тој напредок, сепак, опстојуваат дузина проблематични прашања. Таков, на пример, е случајот со италијанските банки. Германското министерство за финансии се спротиставува на се’ што може да претставува товар за германските даночни обврзници. Улогата на Берлин во областа на безбедноста и на одбраната сеуште предизвикува големи внатрешни дебати, и покрај фактот дека земјата распореди свои војници во Литванија, како дел од НАТО.

Многу нешта зависат од резултатот на изборите во Германија, кои треба да се случат во септември, годинава.
Популистичкиот бран во Европа можеби ослабна, но сеуште не е исчезнат, ниту пак се надминати факторите кои го иницираат. И покрај тоа, сценаријата за повторно раѓање на ЕУ не треба да се отфрлат, особено во Велика Британија, која се подготвува за напуштање на Блокот. По Трамп и Брегзит, ЕУ веќе има улога „без преседан“ при заштитата на своите вредности и на меѓународните институции, тврди поранешен службеник од администрацијата на Обама

„Европа мора да опстане додека Трамп е на власт. Тоа е моментот на Европа“.

Би можело да се направи паралела со минатото. Министерот за надворешни работи на Луксембург во 1992 година објави дека таа година ќе биде „часот на Европа“. Истата година, Европа не успеа да стави крај на катастрофата во поранешна Југославија. Но, од дрига страна 1992 беше годината кога благодарение на напорите на Кол и на Митеран, со Договорот од Мастрих Европската економска заедница се трансформираше во официјален сојуз.

По 25 години, акцентот треба да се стави не на Брегзит и негативностите, туку како во изменетиот свет Европската унија може да добие нова и незаменлива улога. Исто како што Кол и Митеран ги искористија можностите, кои историјата им ги обезбеди, сега Меркел и Макрон треба при различни околности и состојби да го определат заедничкиот европски пат.

По цела една декада на криза, Европа можеби на крајот излегува од неа. Ако Британците обрнат внимание на тоа, тогаш можеби ќе успеат да избегнат лош избор.