Меркел и Обама ќе разговараат за Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Белата куќа на разговори со американскиот претседател Барак Обама, јави ДПА, пренесува МИА.

Меркел и Обама ќе разговараат за насилството во Украина.

Се очекува двајцата лидери да разговараат за проектот мировен план во Украина, на кој работат Германија, Франција, Русија и Украина, со кој треба да доведе до прекин на огнот во Источна Украина.