Меркел и Обама разговараа за Украина

Претседателот на САД, Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор оценија дека за смирување на ситуацијата во Украина од голема важност е доаѓањето на меѓународен набљудувач, соопшти извор од Белата куќа.

Како што пренесува Франс прес, изворот уште еднаш ја истакнал блискоста на дипломатските односи и економските врски меѓу Германија и Русија и оцени дека Ангела Меркел има важна во улога во овозможување на дијалог со Москва.

Коментирајќи го телефонскиот разговор со Обама и претседателот со Русија, Владимир Путин од саботата, изворот од Белата куќа изјави дека американскиот претседател дал свој предлог за решение на ситуацијата во Украина и дека се очекуваат нови разговори меѓу двајцата државници за ситуацијата во Украина.

САД сепак ќе продолжат да вршат притисок на Русија меѓу останатото и за воведување на економски санкции. Тие и понатаму предупредуваат на уште потешки последици, ако руските трупи преминат на Крим и дојдат на источниот дел на Украина.

Руската економија би можела да трпи сериозни последици ако и се воведат економски санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.