Меркел и Оланд денеска ќе се сретнат со Путин

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во рамки на иницијативата на германската Влада за решавање на конфликтот во Украина, ќе допатуваат во Москва, каде ќе разговараат со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе МИА.

Оваа ненадејна посета на двајцата државници на Русија е најавена три дена во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија, на кој ќе се одлучува за нови санкции за Русија.

Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт изјави дека во центарот на разговорот со Путин ќе биде актуелната ситуација во Украина.

Меркел и Оланд вчера ненадејно го посетија Киев, каде разговараа со украинскиот претседател Петро Порошенко.

фото: blic.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.