Меркел и Оланд на состанок поради мигрантската криза и за Украина

Меркел и Оланд на состанок поради мигрантската криза и за Украина
Меркел и Оланд на состанок поради мигрантската криза и за Украина

Германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд ќе имаат состанок денеска во Берлин каде што ќе разговараат за напорите на Европската унија да се избори со мигранстката криза, која што е најголема во изминатите 50 години, објави МИА.

Освен за мигрантската криза, двајцата државници ќе разговараат и за судирите на исток во Украина и во текот на денот ќе им се придружи и украинскиот претседател Петро Порошенко.

По работната вечера, Меркел Оланд и Порошенко ќе имаат заедничка прес конференција.

Западни медиуми јавуваат повикувајќи се на француски извори, дека неучеството на рускиот претседател Владимир Путин во Берлин не значи дека постои „дипломатска војна против Русија“.

За една ноќ во Србија влегле 7.000 мигранти

За една ноќ во Србија влегле 7.000 мигранти
За една ноќ во Србија влегле 7.000 мигранти

Најмалку 7.000 бегалци – мажи, жени и деца, влегле ноќта меѓу саботата и неделата од Македонија во Србија, соопшти УНХЦР, додавајќи дека очекуваат и поголем број мигранти.

УНХЦР истекнува дека од македонските власти добиле уверување дека „границата ќе биде отворена за мигранти кои бегаат од судири во државите од кои потекнуваат“.

На српската граница, УНХЦР соработува со локалните власти и хуманитарни организации за да се обезбеди сместување и храна за оние кои пристигнуваат, се вели во соопштение.

Истовремено, Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина повикаа на „поголема поддршка за мигранти кои влегуваат во Европа преку Западен Балкан“.

Неопходно е повисоко ниво на соработка и заеднички напори за да се одговори на хуманитарните потреби на загрозените, се вели во соопштение.