Меркел и Путин се согласија – насилството во Украина мора да престане

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека таа и претседателот на Русија, Владимир Путин се согласиле да направат што можат за да се стави крај на насилството во Украина.

Меркел за време на посетата на Париз изјавила дека телефонски разговарала со Путин и дека тие двајца се сложиле да продолжат да прават се’ за да не дојде до понатамошна ескалација на насилството во Украина.

Таа додала дека го известила Путин за одлуката ЕУ итно да ги испрати шефовите на дипломатија на Германија, Франција и Полска во Украина.

Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус изјавил дека тој и неговите колеги патуваат во Украина за да се сретнат со преставници на власта и опозицијата, пред итниот утрешен состанок на шефови на дипломатија на ЕУ, на кој се очекува да се разговара за евентуални санкции против оние кои го почнаа насилствот во Киев при кое што загинаа 26 луѓе, а повредени се неколку стотини.