Меркел им порача на граѓаните од турско потекло да и бидат лојални на Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика припадниците од турско потекло, кои веќе долго време се германски граѓани, да и бидат лојални на Германија.

Таа тоа го изјави во интервју за „Рур Нахрихтен“, во време на затегнати германско-турски односи, наведуваат американските медиуми.

„Очекуваме од луѓето од турско потекло, кои веќе долго живеат во Германија, да развијат повисок  степен на лојалност кон нашата земја“, кажа Меркел.

Канцеларката додаде дека Германија ќе се труди да ги слушне нивните проблеми и загриженост.