Меркел: Источно партнерство не е инструмент за проширување на ЕУ

Програмата Источно партнерство не е инструмент за проширување на Европската унија, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во говор пред Бундестагот пред почетокот на самитот во Рига на 28-те земји-членки на Унијата и шест држави од поранешниот Советски сојуз, објави МИА.

– Не треба да си создаваме празни очекувања, кои подоцна нема да можеме да ги исполниме, додаде Меркел.

Таа нагласи дека идејата за Источно партнерство не е насочена против кого било, особено не против Русија.

Меркел истакна дека ставот „или-или“, односно тоа дека одредената земја треба да избира меѓу ЕУ или Русија не е прифатлив.

– На пример ние ја почитуваме одлуката на Ерменија, која има тесни економски односи со Русија, рече Меркел