Меркел ја критикуваше Москва

Германската кацеларка Ангела Меркел ја критикувала Москва бидејќи не се вклучила во мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Меркел истакнала дека воведувањето на поостри санкции кон Русија и понатаму останува како опција.

„Што се однесува до санкциите кон Русија, ние го достигнавме второто ниво и не можеме да ја исклучиме можноста за понатамошни (санкции)“, рекла Меркел на прес конференција со генералниот секретар на НАТО АНдерс фог Расмунсен.

„За жал во текот на десеттодневниот унилатералерен прекин на огнот кој го објави претседателот на Украина, немаше ниту една видлива реакција на мировниот план, а прекинот на огнот не беше орифатен од сепаратистите“, рекла германската канцеларка.

Ќе се бара дипломатско решение, нагласила Меркел и најавила дека германскиот шеф на дипломатијата денеска ќе го угости украинскиот министер за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.