Меркел ја повика Г-7 на единство против Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика лидерите на Г-7 да упатат „единствена порака“ дека санкциите против Русија можат да бидат повлечени само доколку биде исполнет мировниот договор за источна Украина, што беше договорен во февруари, пренесоа светските агенции.

-Санкциите можат да бидат укинати само ако исчезнат условите во кои беа наметнати, и доколку бидат решени проблемите, рече Меркел во интервју за германската телевизија ЗДФ.

„Претпоставувам дека од тука ќе испратиме единствена порака“, изјави таа и додаде дека санкциите не се цел сами за себе, туку „средство за постигнување на целите“.

Во друго интервју за телевизијата АРД, Меркел изјави дека засега не гледа можност Русија да се врати во групата на водечките светски економии.