Меркел ја поздрави намерата на Путин да се ослободи Ходорковски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја поздрави веста со која вчера рускиот претседател ја изненади светската заедница. Тој најави дека е можно ослободување на поранешниот нафтен магнат, Михаил Ходорковски.

Меркел, која е во Брисел за самитот, изјави дека е многу среќна од одлуката на Путин и секогаш инсистиралае за ослободување на Ходорковски.

„Властите во Вашингтон планираат внимателно да ја следат за понатамошната судбина на најпознатиот политички затвореник во Русија“, истакна Кетрин Хајден, официјален претставник на Белата куќа.

Веста на вчерашниот ден влијаеше дури и врз берзите.

Поранешниот олигарх Михаил Ходорковски е осуден за злоупотреба на природните ресурси на Русија. Според зборовите на Путин, неговото ослободување ќе се случи многу наскоро, бидејќи бизнисменот поднел документи за помилување .

Адвокатскиот тим на Ходорковски, кој е меѓу најгласните критичари на Путин, сепак негираше дека поднеле документи за помилување. Дури и без помилување, милијардерот треба да излезе на слобода во текот на следната година, но се очекуваше тој да добие нови обвиненија и да остане во затвор.