Меркел ја претстави политиката на нејзината влада, повторно го бранеше договорот со Иран

Германската канцеларка Ангела Меркел во средата во текот на дебатата во Бундестагот за буџетот за тековната година ги спомена важните вматрешни и надворешни политички теми и уште еднаш ги поддржа меѓународниот нуклеарен договор со Иран.

„Иран, според сознанијата на Меѓународната агенција за атомска енергија ги исполнува своите обврски од договорот. Оттаму не е оправано во овој момент да се излезе од договорот. Прашањето е можно ли е подобро да се разговара доколку го раскинете договоротили или ако останете во него…ние велиме дека може да се разговара подобро доколку се остане во него“, рече Меркел во обраќањето пред пратениците.

Договорот им помага на странските сили загрижени поради регионалнта улога на Иран да ги намалт своите причини за загриженост, додаде германската канцеларка којашто призна дека договорот „е се’ само не идеален, но Иран, според она што меѓународните власти за атомско оружје го знаат, се придржува до обврските од договорот“.

Акутната закана од Иран кон Израел постои, додаде Меркел и заклучи дека е подобро да се остане во договорот и за тоа да се разговара со Техеран отколку целосно да се повлече.

Дискусијата за буџетот според традицијата се претвора во своевидно претставување на политиките на владата. Меркел го бранеше зголемувањето на буџетот за одбрана што го побара министерката за одбрана Усрула фон дер Лејен.

„Мислам дека не можеме да зборуваме за дополнително вооружување на Бундесверот туку само за просто опремување на вооружените сили. Војниците мора да бидат доволно добро опремени за да можат да се фатат во костец со мисиите во странство и со растечките обврски“, рече Меркел.

Германската канцеларка нагласи дека нејзината нова влада не планира нови задолжувања, што според нејзиното мислење е „се’ не само посебе разбирливо“.

Пратеничката и шефица на десната евроскептична и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), Алисе Вејдел предизвика скандал во Будестагот во текот на расправата за буџетот кога доселениците ги обвини за загрозување на благосостојбата во Германија.

„Бурките, они кои носата шамии, собвенционираните мажи вооружени со ножеви и другите бескорисни не се осигурување за нашата благосостојба, стопанскиот раст и социјалната држава“, рече Вејдел.

По оваа изјава претстаделот на германскиот парламент, Волфганг Шојбе, на пратеничката Вејдел ѝ изрече опомена.