Меркел: Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Мора да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, истакна денеска германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник пред учесниците на состанокот на лидерите од „Брдо – Бриони процесот“.

Таа додаде дека нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар.

– Мислам дека може и мора некако да го решиме тоа. Јас лично се вклучив во тоа и размислував за сите можни комбинации за името, но некогаш мислам дека не постои ништо повеќе што може да се измисли, рече Меркел.

Германија, како што подвлече, е подготвена на конструктивна соработка за решавање на ова прашање, но додаде дека без компромис не се може. – Во Германија велиме „компромис е кога сите вклучени се еднакво незадоволни“. Кај компромис не може да очекувате дека се ќе заврши со среќен крај за сите. Но, кога сите се еднакво незадоволни, тоа е фер компромис. Мора на некој начин да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија, истакна германската канцеларка пред осумте лидери од Југоисточна Европа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.