Меркел: Мора да реагираме да не дозволиме други земји да ја напуштат ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека мора да се преземат активности за да не се дозволи и други земји членки да ја напуштат Европската Унија по Британија, пренесува „Раша Тудеј“.

Инаку во текот на вчерашниот ден Германија предупреди дека уште пет земји членки би можеле да ја напуштат Унијата.

По Британија, Франција, Холандија, Австрија, Финска и Унгарија би можеле да го напуштат блокот.