Свет

Меркел: НАТО сака политичко решение на украинската криза

Меркел: НАТО сака политичко решение на украинската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека членките на НАТО сакаат политичко решение на украинската криза и дека се подготвени со Русија да разговараат за тоа.

Таа предупреди дека новите санкции можат да бидат употребени за да се зголеми притисокот на Русија, пренесува Ројтерс.

„Ние исто така сме подготвени да и им дадеме тежина на нашите политички барања и воведување на понатамошни санкции,“ изјави германската канцеларка на самитот на НАТО кој се одржува во Велс.

Порака која сакаат да ја испратат според Меркел е политичко решениe.

„Со украинскиот претседател подготвени сме да разговараме со Русија за тоа,“ изјави Меркел.

Во Велшкиот град Њупорт се одржува дводневен самит на НАТО, а главни теми се украинскиот конфликт, ситуацијата во Ирак , Сирија и како што пред неколку дена најави генералниот секретар НАТО, Андерс Фог Расмусен ќе биде донеселан одлука за формирање на ударна единица за брзо реагирање и изградба на воена база на НАТО, во цел на одвраќање на „потенцијалниот агресор“.