Свет

Меркел: Не постои гаранција за вечноста во односите со САД

Меркел: Не постои гаранција за вечноста во односите со САД

Европа е соочена со растечки предизвици во рамки на своите граници како и во блиските области, вклучувајќи ја миграцијата, растечките терористички закани, војната во Сирија, насилството во источна Украина, како и сиромаштијата и гладта во Африка, рече Меркел пред студентите во Брисел, откако ја прими почесната диплома за докторати од универзитетите во Гент и Левен во Белгија.

Како што пренесуваат британските медиуми, таа директно не го спомена новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но очигледно дека мислеше на неговата изјава во текот на кампањата дека ќе го разгледа односот кон НАТО.

Таа додаде и дека Европа и ЕУ во иднина ќе мораат да научат да преземат повеќе одговорност низ светот.

Да не се залажуваме: од точка на гледање на некои наши традиционални партнери, нашите трансатлантски врски, нема гаранции за вечноста на блиската соработка со нас Европејците. Мораме да продолжиме да работиме на тоа, рече таа.